Седум голови на премиерниот натпревар од Премиер Лигата
Објавено на 12/08/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Дури седум голови беа постигнати на премиерниот натпревар од новата сезона во Премиер Лигата. Вчеравчеер во Лондон, Арсенал ја совлада екипата на Лестер со 4-3 во супер интересен натпревар. Лаказет во втората минута стрелаше за 1-0 за Арсенал, но само неколку минути подоцна Оказаки израмни на 1-1. Варди во 29 минута постигна гол за водство на Лестер, но Велбек во самиот финиш на првиот дел израмни на 2-2.

На почетокот на вториот дел Варди го постигна својот втор гол на натпреварот за водство на Лестер од 3-2. Сепак целосен пресврт екипата на Арсенал направи благодарение на головите на Ремзи и Жиру во 83 односно 85 минута.

Денеска од 13:30 Вотфорд игра против Ливерпул, во стандардниот термин од 16 часот силите ќе ги одмерат Челзи – Барнли, Кристал Палас – Хадерсфилд, Евертон – Стоук, Саутемптон – Свонси, ВБА – Бурнмаут, а од 18:30 Манчестер Сити гостува кај Брајтон.

 

Тагови