Серена Вилијамс ја заврши сезоната
Објавено на 17/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе го пропушти крајот на ВТА турнирите и втора година по ред, поради повреда на рамото.

Таа нема играно од поразот од Каролина Плишкова во полуфиналето на УС Опен во почетокот на септември. Па така го загуби првото место на ВТА ранг-листата, која сега го поседува Анжелик Кербер од Германија.

Американката тенисерка одигра само осум турнири во 2016 година, каде што освои две титули, вклучувајќи го и Вимблдон.

Тагови