Шахтјор со пресврт до победа против “Римската волчица”
Објавено на 22/02/2018 | ФУДБАЛ

Тимот на Шахтјор Донецк со предност од 2-1 ќе патува на реваншот против Рома во Рим. Украинците до победата стигнаа во второто полувреме, откако со комплетен пресврт го свртеа резултатот во своја полза.

Римјаните први поведоа уште во првото полувреме со голот на Ченгиз Ундер во 41та минута од натпреварот, но во второто полувреме фудбалерите на Шахтјор заиграа многу подобро, постигнаа два погодоци и со значајна предност ќе патуваат на гостувањето на “Олимпико” во Рим.

Најпрво, Факундо Фереира со гол во 52та минута го израмни резултатот, за во 71та минута Фред да ги постави конечните 2-1 за Шахтјор со прекрасен гол од слободен удар.

Реванш натпреварот ќе се одигра на “Олимпико” во Рим на 13ти март.

Тагови