Шарапова со прва титула по казната
Објавено на 15/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Русинката Марија Шарапова ја победи Арена Сабаленка од Белорусија со 7:5, 7:6 (8) во финалето на турнирот во тенис за жени во кинескиот град Тјанцин. Ова е прва титула од мај 2015 година – кога ја победи шпанката Карла Суарез Наваро во главниот град на Италија Рим. Во Тјанцин Шарапова ја освои 35-та титула во кариерата – прва за неа по казната за позитивен допинг-примерок.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 426.000 долари, а Шарапова ќе собере нешто над 111.000. Следниот турнир за русинката е во Москва, каде што ќе игра со “Wild Card”.

Тагови