Шик прво летно засилување за Јувентус
Објавено на 13/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Италијанските медиуми вечерва пренесуваат дека Патрик Шик утре и официјално ќе потпише со Јувентус. Шик, несметајќи го ангажманот на Бентанкур и Бенатија, е првото летно засилување, а клубот на Сампдорија ќе и плати 30,5 милиони евра. Според Скај Спорт, Јувентус документите со потпис вечерва ги испратил во Џенова каде се очекува вечерва да бидат потпишани од раководните лица на Сампдорија.

Шик во Сампдорија дојде минатото лето од редовите на Спарта Прага, а за калчолигашот од Џенова сезонава настапи на 35 натпревари во Серија А и при тоа постигнувајќи 13 голови.

Јувентус практично ја издвојува првата битка на трансфер пазарот бидејќи за Шик постоеше голем интерес од екипите на Интер, Наполи, Рома, Тотенхем и Евертон.

 

Тагови