Шок во Италија, почина капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Астори
Објавено на 04/03/2018 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Италија е во шок! Почина капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давид Астори. 31 годишниот фудбалер утрово беше пронајден мртов во хотелска соба во Удине во пресрет на денешното гостување на Фиорентина кај Удинезе. Оваа вест ја соопштија од клубот кој не открија која била причината за смртта на најдобриот фудбалер на Фиорентина.

Астори својата кариера ја започна во Милан во 2006 година, а потоа направи трансфер во Каљари каде одигра нешто повеќе од 200 натпревари. Во сезоната 2014-15 играше за Рома, а веќе следната се пресели во редовите на Виолетовите. За италијанската репрезентација одигра 14 натпревари.

Поради неговата смрт сите денешни фудбалски натпревари во Италија се одложени.

Тагови