Шпанија без Пике, Рамос и Иниеста против Македонија
Објавено на 04/11/2016 | Мак Фудбал, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Селекторот на Шпанија Жулен Лопетеги го објави списокот на фудбалери со кои ќе и се спротистави на Македонија во натпреварот од 4-то коло во Светските квалификации. Тој ќе има големи проблеми во одбраната каде ќе ги нема главните стопери Жерард Пике и Серхио Рамос, а и бекот Жорди Алба.

Според ова Шпанија ќе се потпре во одбраната на двајцата бундеслигаши од Дортмунд и Баерн Минхен – Батра и Мартинез, а место Алба најверојатно ќе игра некој од премиерлигашите Монреал или Алкантара, од Арсенал, односно Челзи, додека на десната бековска позиција би требало да биде бекот на Реал Мадрид Карвахал.

Ќе го нема и Иниеста, но таму Лопетеги нема да има големи проблеми бидеќи на располагање се Силва, Коке, Тиаго и Иско.

Во нападот нема никакви проблеми тука се Коста, Мората, Адуриц и Нолито, а шанса ќе чекаат о Каљехон и Васкез и Витоло.

Македонија е без освоен поен во Светските квалификации, и се наоѓа на дното на табелата заедно со Лихтенштајн. Следниот натпревар нашите најдобри фудбалери ќе го играа на 12 ноеври против репрезентацијата на Шпанија.

На табелата Италија и Шпанија имаат по 7 бода, а Израел и Албанија по 6, додека Македонија и Лихтештајн се без бодови.

За составот на нашиот Игор Ангеловски може да прочитате ТУКА

Тагови