Шпанија, Данска и Чешка противници на Македонија во главната рунда
Објавено на 17/01/2018 | РАКОМЕТ

Репрезентациите на Шпанија, Данска и Чешка како три најдобро пласирани во групата Д ќе бидат противници на главната рунда на Македонија во Вараждин. По победата над Унгарија од 33-27, Чешка успеа да обезбеди пласман во главната фаза каде од претходно место обезбеди и Шпанија како и Данска.

Првиот натпревар Македонија го игра во недела против Шпанија или Данска. Според распоредот последните два натпревари од главната фаза ќе ги одиграме во вторник и среда.

Во другата група во главната фаза домаќинот Хрватска ќе игра против Франција, Норвешка и Белорусија, а во оваа група се наоѓаат уште и Шведска и Србија.

 

Тагови