Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола противници на Македонија на СП во Франција
Објавено на 23/06/2016 | Slider, РАКОМЕТ

Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола ќе бидат противниците на нашата најдобра ракометна репрезентација на Светското Првенство што во јануари следната година ќе се одржи во Франција. Ждрепката посака Македонија да биде во иста група со Тунис, репрезентацијата која беше подобра од нас во квалификациите за ЛОИ во Рио годинава. Македонија за прв пат на едно големо натпреварување ќе се сретне со Ангола, а со сите останати репрезентации Македонија има негативен биланс. Така со Тунис покрај априлскиот натпревар во Полска имаме одиграно и дополнителни два натпревари, а билансот со оваа репрезентација е 2:1 во корист на Тунис. Со Словенија на четири натпревари имаме само една победа и три порази, а згора на тоа бевме и елиминирани од нив на минатото Светско во Катар. Од Исланд имаме десет порази, а само два пати сме славеле над нив. Негативен биланс имаме и со Шпанија која ги добила сите четири досегашни натпревари.
Во продолжение се прикажани четирите групи за СП во Франција.

ГРУПА А
Франција
Полска
Русија
Бразил
Јапонија
Норвешка

ГРУПА Б
Шпанија
Словенија
МАКЕДОНИЈА
Исланд
Тунис
Ангола

ГРУПА Ц
Германија
Хрватска
Белорусија
Унгарија
Чиле
С. Арабија

ГРУПА Д
Катар
Данска
Шведска
Египет
Бахреин
Аргентина

Тагови