Штербик и Прибак во идеалниот тим на колото во ЛШ
Објавено на 16/10/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Нашите претставници во ЕХФ Лигата на шампионите запишаа победи, Вардар против големата Барселона дома, а Металург на гостински терен, кај Чеховски Мердведи.

Европскиот шампион Вардар не губи на домашен терен и оваа сезона, дури ниту од првиот фаворит за лидерското место во групата „А“ во Лигата на шампионите – Барселона. Шпанскиот гигант, уште еднаш падна пред вардарци пред полните трибини во СЦ „Јане Сандански“ и загуби со 27:24 (16:12).

Најдобар стрелец кај Вардар беше Вуко Борозан со шест гола, а Хорхе Македа постигна пет, додека Лука Циндриќ и тимур Дибиров дадоа по четири гола. Арпад Штербик запиша 14 интеревенции, а на спротивната страна Перез Де Варгас имаше 13, со што нашиот Борко Ристовски повторно не застана на голот. Валеро Ривера беше прв стрелец на мечот со осум погодоци.

Блескавиот Арпад Штербик си заслужи повторно место во идеалниот тим.

Ракометарите на Металург во петтото коло ја остварија втората победа во  ЕХФ Лигата на шампионите, и прва на гостински терен и повторно без Лино Червар. Вице-шампионот славеше со 32:26 (15:15) на гостувањето кај Чеховски Медведи

Халил Јагањац беше одличен со девет гола, а го следеше Жарко Пешевски со шест, по четири имаа Вања Илиќ и Божо Анѓелиќ, а последните минути ги искористи и најмладиот Мартин Серафимов со три погодоци. Одличен на голот на беше и младиот Мартон Томовски, кој запиша десет интервенции.

Нашиот репрезентативец Немања Прибак беше одличен во ремито на неговиот Бешикташ 28:28 против Спортинг, и заслужено се најде и тој во идеалниот тим, откако постигна 13 гола.

 

Топ 5 голови:

5. Љубо Вукиќ – Мешков Брест

4. Алекс Дујшебаев – Кјелце

3. Жарко Марковиќ – ППД Загреб

2. Марио Состариќ – ПИК Сегед

1. Николас Турне – Нант

Головите може да ги видите ТУКА

Топ 5 интеревенции:

5. Адам Моравски – Висла Плок

4. Славомир Шмал – Кјелце

3. Матевж Скок – ППД Загреб

2. Вегард Бакен Оиен – Елверум

1. Тјери Омејер – ПСЖ

Интеревенциите може да ги видите ТУКА

Идеален тим на колото:

 

ЛЕВО КРИЛО: Бастер Јул-Ласен (Алборг)
ЛЕВ БЕК: Мадс Менса Ларсен (Рајн Некар Левен)
СРЕДЕН БЕК: Немања Прибак (Бешикташ)
ДЕСЕН БЕК: Алекс Душебаев (Киелце)
ДЕСНО КРИЛО: Михаел Дашек (Висла Плоцк)
ПИВОТ: Николас Турнат (Нант)
ГОЛМАН: Арпад Штербик (Вардар)

Тагови