Сигурен опстанок за Јеонам, Ристиќ со нов гол во Јужна Кореја (видео)
Објавено на 15/11/2014 | ФУДБАЛ

Екипата на Јеонам Драгонс во пресрет на последните два натпревари од најсилната јужнокорејска фудбалска лига (К-Лига Класик) во групата за опстанок е сигурна на првата позиција со 47. бодови, седум повеќе од Бусан со кој одигра 1:1 (36. коло).

Стевица Ристиќ го постигна израмнувачкиот погодок, а три минути претходно поведоа домаќините преку Ким Јонг-Тае.

За 32. годишниот македонски интернационалец и напаѓач ова беше 11. гол (прв стрелец во својата екипа) во 32. настап оваа сезона. Остануваат уште две средби на домашен терен против Сангју Сангму (22.11.2014 год.) и Инчеон Јунајтед (29.11.2014 год.).

 

Тагови