Ракометарите на Металург ремизираа со Мотор Запорожје среде Украина, без тренерот Лино Червар и македонскиот бек Филип Кузмановски во екипата, во голема драма на крајот 28:28 (12:18).
Натпреварот започна за Металург одлично и на средината од првото полувреме нашиот вице-шампион водеше и со плус 9, на полувреме замина со плус 6. Сепак во вториот дел Мотор доби ветар в грб од судиите и успеа да стигна до бод.
Системот седум на шест функционираше одлично, но украинците добија премногу пенали во вториот дел, а не беа досудени ни 2-3 чисти пробивања кои завршија со гол на противникот.
Александар Гуглета и Халил Јагањац завршија со по 7 гола, додека Денисов со 8 гола беше најпрецизен кај противникот.
Во следното коло , на 14-ти октомври, Металург му гостува на Чеховски медведи.