Скандал уапсен фудбалер на Виљареал поради киднапирање, кражба и тортура.
Објавено на 22/02/2018 | ФУДБАЛ

Рубен Семедо, фудбалер на шпанскиот клуб Виљареал, беше уапсен откако тој и  двајца негови  роднини го киднапирале, врзале и мачеле човекот  чиј идентитет сè уште не е откриен од страна на полицијата.

Имено, по кавга во кафеана, ја киднапирале жртвата, го малтретирале со часови, потоа му ѓи земале клучевите од куќата и украле пари и други вредни работи во обид да го уценуваат да не го пријави случајот до полиција.

Сепак, жртвата контактираше со полициските власти на 12 февруари и го пријави целиот случај.

Шпанските медиуми објавија дека овој човек имал модринки низ целото тело и видливи повреди околу зглобовите на рацете, што беше доказ за долготрајнота  тортура во подрумот.

Инаку, Семедо е познат по насилното однесување, бидејќи тој исто така, има удрено  млад човек со шише во глава по караница во барот, а потоа и  се заканувал на келнерката со огнено оружје.

Тагови