Шкендија на тест дуел со лидерот на Втората лига Шкупи
Објавено на 12/11/2014 | ФУДБАЛ

Како што пренесува официјалниот веб сајт на ФК Шкендија, избраниците на тренерот Ардиан Кознику в недела (16. ноември 2014 год.), поради обврските на националните репрезентации во квалификациите за ЕП 2016 год. во Франција, ќе одигра пријателски натпревар против Шкупи на Градскиот во Тетово со почеток од 13:00 ч. како подготовка пред продолжението од Првата македонска лига.

Ова сигурно ќе биде еден интересен и квалитетен натпревар, со оглед на тоа што тетовскиот клуб ќе ги одмери силите против моментно првопласираниот во Втората лига, кој претендира наредната сезона да настапува во прволигашкото друштво, составот на Шкупи.

Стручниот штаб на Шкендија посакува преку овој дуел да се одржи натпреварувачкиот ритам на играчите и со обид да се применуваат различни варијанти во играта.

Кознику воедно ќе им даде можност на оние играчи кои имаат помала минутажа, оние помладите кои покажуваат добра форма. Шкендија во овој момент се наоѓа на третата позиција со 24. бодови на прволигашката табела, а нареден противник во рамките од 16. коло (24.11.2014 год.) ќе им биде Силекс во Кратово (13:00 ч.).

Тагови