Славната шпанска атлетичарка стави крај на кариерата
Објавено на 19/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Олимпискaта шампионка во скокање во височина во Рио де Жанеиро 2016 Рут Бетања објави дека става крај на својата кариера, по серијата повреди во последно време.

38-годишната шпанка ја објави својата одлука додека го донираше својот олимписки медал од Рио во спортскиот музеј во Сантандер.

Бетања беше во друштво на долгогодишниот тренер Рамон Торалбо. Минатата година таа триумфираше како олимписки и европски шампион, а на крајот на сезоната го освои трофејот во Дијамантската лига.

Тагови