Словенија ја потопи Шпанија, Maкедонија останува во игра за полуфиналето
Објавено на 23/01/2018 | РАКОМЕТ

Големо изненадување се случи предмалку во Вараждин. Репрезентацијата на Словенија сосема заслужено славеше над Шпанија со 31-26 и со самото тоа словенците си ја зголемија шансата за освојување на третата позиција, а на нас ни ги вратија шансите за пласман во полуфиналето.

Иако Шпанија резултатски го отвори натпреварот сепак со 4-0 Словенија успеа да стигне до +3 на самиот почеток на натпреварот. Во текот на првиот дел Словенија доминираше, а Шпанците беа далеку од супериорен противник. И во вториот дел Словенија го диктираше темпото, а највисоките +7 во 45 минута полека го наговестуваа победникот на натпреварот. Во 55 минута Шпанија експресно стигна до три негатива, но на крајот нашиот противник од групната фаза успеа да забележи победа од 31-26.

Со оваа победа, барем до вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Чешка, Словенија ќе биде 4. позиција со три поени исто колку Македонија. Со ова Словенија се враќа во игра за третата позиција каде во моментов е Германија која има четири поени исто колку и Шпанија на втората позиција. На лидерската позиција останвуа Данска со шест поени.

Победата на Словенија над Шпанија значи и шанса на Македонија за полуфинале. Така Македонија ќе се пласира во случај на следните два натпревари да освоиме три поени, а Германија и Шпаниај на утрешниот натпревар да одиграат нерешено. Македонија ќе се пласира во полуфиналето и доколку одиграме реми против Чешка, но ја победиме Данска. Во овој случај Германија е потребно да ја победи Шпанија и во кругот од три репрезентации со по шест поени би ја барале шансата за полуфинале.

Тагови