Со победа против Црна Гора за најдобар старт на европските првенства
Објавено на 15/01/2018 | РАКОМЕТ

Вечерва со почеток од 20:30 во рамките на ЕП во Хрватска, Македонија ќе го одигра вториот натпревар од  групната фаза против репрезентациајта на Црна Гора. По одличната победа над Словенија, нашите ракометари вечерва ќе имаат шанса да ја забележат втората победа во групната фаза против аутсајдерот во групата, Црна Гора.

Букмејкерите ја фаворизираат Македонија, а доколку нашите ракометари слават над Црна Гора тогаш тоа ќе биде најдобриот старт на европските првенства за Македонија со две победи на исто толку натпревари. Досега, не се случило Македонија да забележи две победи во групната фаза од европските првенства. На два пати и тоа во Данска и Србија, Македонија забележуваше по една победа и еден нерешен, а на последното ЕП во Полска во 2016 година Македонија имаше скор од два порази и еден нерешен.

Победа над Црна Гора не само што ќе значе најдобар резултат во групната фаза на ЕП за Македонија туку и одлична позиција во главната фаза каде ќе влеземе со загарантирани два поени.

Тагови