Со пораз од Данска заврши ЕП за Македонија
Објавено на 24/01/2018 | РАКОМЕТ

Со пораз од 31-20 од Данска и последна позиција во групата, македонските ракометари се опростуваат од Европското првенство во Хрватска. Иако бевме само на чекор до историски успех, сепак на крајот и со денешниот пораз завршуваме на последната позиција во групата, доволна за освојување на 10та позиција на ова ЕП пред Белорусија, Србија, Исланд, Унгарија, Австрија и Црна Гора.

Во вечерашниот натпревар влеговме израмнето. Првиот дел се играше гол за гол, но темпото го диктираа данците. Сепак на крајот на првиот дел резултатот беше 12-12. Во вториот дел селекторот на Данска, Јакобсен се реши за поофанзивна игра која резултираше со постојано зголемување на водството за на крајот да забележат победа со 11 голови односно 31-20.

Сепак треба да се напомене дека во најголем дел од натпреварот на теренот заедно играа Талески, Кузмановски, Велковски и Поповски, довчерашни јуниорски репрезентативци кои уште еднаш покажаа дека Македонија има светла иднина.

Во останатиот натпревар од нашата група, Словенија и Чешка одиграа нерешено, а во моментот во меѓусебен натпревар и борба за втората позиција играат Германија и Шпанија.

Тагови