Соколите не можеа и против Евролигашот (ВИДЕО)

Published On 14/02/2017 » 495 Views» Slider, КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Шампионот на Србија и регионалната АБА лигата Црвена Звезда го совлада нашиот Карпош Соколи во натпреварот 23-от круг на АБА лига.

Црвена Звезда ја запиша 22-та победа во регионалниот шампионат, откако му го нанесе на Карпош Соколи, првиот поарз дома од 31 октомври 2016 година – 98:61 (23:24, 26:13, 21:12, 28:12).

Интересно сите играчи на Црвена Ѕвезда кој стапнаа на теренот вечерва, се потпишаа на листата на стрелците, но најефикасен беше капитенот Лука Митровиќ со 15 поени, Огњен Кузмиќ  запиша 14 поени и Марко Симоновиќ 13 поени.

Во нашиот тим за кого ова беше 14-от пораз најпрецизен беше Лабовиќ со 20, a Трајковски заврши со 18 поени.

Share this post
Tags

Comments are closed.