Состави: Порто – Ливерпул
Објавено на 14/02/2018 | ФУДБАЛ

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао се реши без изненадувања да го започне првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Ливерпул да го започне со најсилниот тим со кој располага во моментов.

Во одбраната многу ќе недостасува бразилецот Фелипе кој е суспендиран поради црвениот картон од групната фаза. Неговото место ќе го заземе шпанскиот интернационалец Иван Маркано.

Голем хендикеп за составот на Порто е отсуството на најдобриот напаѓач, Винсент Абубакар, кој веќе подолг период е повреден и не е на располагање за вечерашниот дуел.Главен напаѓач на Порто на вечерашниот дуел ќе биде Марега кој покажа дека е повеќе од достојна замена за Абубакар.

“Црвените” од Ливерпул ќе настапат со својот најсилен состав. На голот ќе биде сега веќе стандардниот Луис Кариус кој брани во извонредна форма. Предност на десната бековска позиција доби Александер-Арнолд пред Жорди Гомез, свое деби за Ливерпул во Лигата на шампионите ќе има најскапото зимско засилување Вирџил ван Дајк.

Во нападот, Јирген Клоп ќе настапи со своето ударно напаѓачко трио Мане, Салах и Фирмино.

За Порто во стартниот состав ќе настапат:
Хосе Са, Алекс Телес, И.Маркано, Рејес, Переира, Браими, Серџо Оливеира, Херера, Отавињо, Тикињо и Марега

За Ливерпул во стартниот состав ќе настапат:
Кариус, Александер-Арнолд, Ловрен, ван Дајк, Робертсон, Вајналдум, Милнер, Хендерсон, Мане, Фирмино и Салах.

Тагови