Состави: Реал Мадрид – ПСЖ
Објавено на 14/02/2018 | ФУДБАЛ

Реал Мадрид и Париз Сен Жермен ги објавија имињата на почетните состави со кои ќе настапат на вечерашната пресметка на “Сантијаго Бернабеу” во првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите.

Изненадувачки, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан предност на овој дуел во стартниот состав му даде на Иско на сметка на велшкиот интернационалец Герет Бејл кој ќе биде преселен на клупата за резервни играчи. Стартниот десен бек Дани Карвахал е суспендиран за овој натпревар, па на негово место шанса во првиот тим добива и Начо.

На спротивната страна и тренерот на ПСЖ, Унаи Емери се одлучи на големо изненадување на пошироката јавност да го пресели на клупата Тиаго Силва, додека во првиот тим го вклучи младиот Преснел Кимпембе. Јури Берчиче ќе стартува на левата бековска позиција на местото на недоволно опоравениот Курзава. Во средниот ред, довербата од Емери ја доби аргентинецот Џовани ло Челсо пред новото засилување Ласана Диара. Ветеранот Тиаго Мота кој сезонава е стандарден на таа позиција е повреден и не е во можност да му се стави на располагање на тренерот за вечерашната пресметка.

За Реал Мадрид вечерва во стартниот тим ќе настапат:
Кејлор Навас, Начо, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Марсело, Модрич, Касемиро, Крос, Иско, Бензема и Роналдо.

За Париз Сен Жермен во стартниот состав ќе настапат:
Алфонс Ареола, Дани Алвес, Маркињос, Кимпембе, Берчиче, Ло Челсо, Рабио, Верати, Мбапе, Кавани и Нејмар.

Тагови