Србија и Хрватска обезбедија пласман во Рио
Објавено на 10/07/2016 | КОШАРКА

Репрезентациите на Србија и Хрватска обезбедија пласман на кошаркарскиот турнир на Олимписките Игри во Рио кои ќе се одржат во август. Во квалификациониот турнир што се одржа во Белград репрезентацијата на Србија во финалето ја декласираше репрезентацијата на Порторико со 108:77 откако претходно во полуфиналето ја елиминираше репрезентацијата на Чешка.

Далеку поинтересно беше на квалификациониот турнир во Торино каде Италија по продолженијата беше поразена од Хрватска со 84:78. Двете репрезентација добија по две четвртини, но на крајот во продолжението Хрватска успеа да победи со 14:8. Во полуфиналето на овој турнир, репрезентацијата на Италија ја елиминираше репрезентацијата на Мексико додека пак Хрватска ја совлада репрезентацијата на Грција.

Покрај Србија и Хрватска, преку квалификационен турнир пласман ќе обезбеди и подобриот од натпреварот Франција – Канада кој се игра ноќеска со почеток во 3 часот.

На Олимпискиот турнир во Рио ќе учествуваат 12 репрезентации, а во моментот пласман имаат обезбедено: САД, Бразил, Австралија, Нигерија, Венецуела, Аргентина, Шпанија, Литванија, Кина, Србија и Хрватска.

Тагови