Стативата ја елиминираше Сирија од бараж, Кејхил ја одведе австралија со една нога во Русија (ВИДЕО)

Легендата на австралискиот фудбал Тим Кејхил ја испрати Австралија на финалниот плеј-оф за пласман за СП 2018, откако ги постигна и двата гола за успехот со 2:1 над Сирија по продолженија во реваншот од четвртиот круг на квалификациите во зона Азија. Првата средба беше заврши 1:1, а овој резултат беше и по 90 минути во Мелбурн денес. Во 19-тата минута од дополнителното време сепак Кејхил погоди за бараж. Во дополнителното време на продолженијата гостите погодија статива и така пропуштија “златна” шанса да продолжат понатаму.

За место на шампионатот во Русија Австралијците ќе расправаат со четвртиот од зона КОНКАКАФ – САД, Панама или Хондурас, како победникот пак ќе биде одреден по два натпревари на дома и гостување.

Тагови