Стојков: “Подготвен сум да разговарам со Шкендија“
Објавено на 12/11/2014 | ФУДБАЛ

Напаѓачот на Работнички, Ацо Стојков кој моментно тренира со македонската репрезентација за квалификацискиот меч со Словачка, за “Лајм“ изјави дека немало официјални контакти со челниците на Шкендија, но од друга страна е подготвен да седне и разговара со тетовските “црвено-црни“.

“Официјално нема ништо, не сум имал контакти по натпреварот во Тетово. Секако при секое разбирање треба играчот да биде задоволен од условите каде што ќе настапува. Подготвен сум да разговарам со било кој клуб, вклучувајќи ја и Шкендија“, рече Стојков.

За Шкендија кажа и добри зборови: “Тоа е еден добар клуб, има добри навивачи“. додаде Стојков. Оваа зима му истекува шестмесечниот договор со “романтичарите“.

Тагови