Страшен Костадинов – Страшна нова генерација на Македонија
Објавено на 05/09/2017 | Slider, Мак Фудбал, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Младите фудбалери на Македонија до 21 година, започна одлично во новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2019 година во Италија. Новата генерација на Боби Милевски тргна по стапките на старата која играше на Европското во Полска ова лето, совладувајќи ја првата во групата Ерменија на гости со убедливи 0:3. Стрелец на три гола беше Тихомир Костадинов.

Избраниците на Милевски доминираа од самиот старт и правеа притисок врз противничката одбрана, што се исплатеше по украдената топка на Елиф Елмас, кој додаде до Тихомир Костадинов за 0-1 по осум минути игра.

Добрата игра продолжи и резултираше со втор погодок во 26-та минута, кога повторно капитенот Костадинов ја затресе противничката мрежа, овој пат на асистенција на Реуфик Селмани.

Третиот гол дојде од прекин во 72-та минута кога Енур Тотре нафрли, а напаѓачот на словачки Руземберок погоди со глава.

Ерменија останува прва на табелата со 4 бода но со три натпревари, а исто толку има и Русија од два натпревари. Македонија уште со првиот натпревар дојде на второто место со 3 бода, кое го дели со Србија и Австрија, кој исто така имаат по една победа, но и двете против отпишаниот Гибралтар.

Тагови