Светот ги победи САД – Богдановиќ МВП (видео)
Објавено на 17/02/2018 | КОШАРКА

Тимот на „Светот“ ја совлата екипата составена од кошаркари од САД на Ол-стар натпреварот наречен „Ѕвезди во подем“ со 155:124, а за најдобар играч на натпреварот е прогласен Србинот Богдан Богдановиќ.

Тимот составаен од не-американски играчи кои играат во НБА лигата успеа во Лос Анџелес трет пат, во последните четири сезони, да забележи победа на натпреварот кој е дел од Ол-стар викендот.

Во „Стејплс“ центар во Лос Анџелес гледачите уживаа во атрактивен меч, кој кошаркарите го зачинија со многу ефектни потези. Бројот на поени говори дека помалку и едните и другите мислеа на одбраната.

За МВП на натпреварот беше прогласен дебитантот од Сакраменто Кингс, српскиот бек Богдан Богдановиќ, кој мечот го почна од клупата, а за 21 минута на теренот постигна 26 поени, на кои придодаде 4 скока, 6 асистенции и една украдена топка.

Тагови