Светската јавност го напаѓа, Жозе Мурињо тврди дека Мо Салах е негов пронајдок
Објавено на 27/04/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Во центарот на вниманието на светската јавност е фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах кој има фантастична сезона и во моментов е вистинска мега ѕвезда.

Но, фудбалерот успеа во својот втор обид, откако како млад не успеа да се докаже во Премиер лигата во дресот на Челзи.Иако сите велат дека Жозе Мурињо не успеа да го процени неговиот квалитет, сепак „специјалниот“ има поинакво мислење за неговиот случај.

„Јас го купив Мохамед Салах од Базел. Не е точно дека јас сум побарал да биде продаден. Тој кога пристигна во Челзи на мое барање, беше недоволно психички и физички подготвен да се справи со притисокот кој го носи играњето во Премиер лигата. Ние имавме одлични квалитетни крилни играчи во тој момент, а дел од нив и ден денес сеуште се во клубот како Вилиан и Еден Азар. Потоа, во заеднички договор со Салах, одлучивме тој да оди на позајмица, бидејќи и самиот побара со цел да има поголема минутажа. Потоа, Челзи одлучи Салах да биде продаден” – објасни Мурињо, откако деновиве трпи жестоки напади од јавноста.

 

Тагови