Танак ја освои Германија, Ожие се врати на врвот
Објавено на 21/08/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Пилотот на M-Sport со Форд Фиеста Од Танак го освои релито во Германија – десетти круг од календарот на Светскиот рели шампионат – откако поведе уште во попладневните фази на првиот натпреварувачки ден. Неговиот тимски колега Себастијан Ожие исто се качи на подиумот благодарение на третата позиција, како со неа си го вратам и лидерството во шампионатот, што беше го изгубил минатиот месец. Неговиот главен ривал за титулата оваа сезона, Тјери Њевил, се повлече од трката поради технички проблем со неговиот Хјундаи вчера.

Второто место во Германија го освои Андреас Микелсен. Микелсен финишира со предност од 14 секунди во однос на Ожие. Јуко Ханинен ја одведе Тојота на четвртото место.

За Танак ова е втората победа во WRC во неговата кариера по успехот во Италија претходно оваа година, како во табелата веќе ја зазема третата позиција на 16 поени зад Њевил.

Тагови