Тешка повреда и два одлични дуели го одбележа стартот на новата сезона во НБА
Објавено на 18/10/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Гордон Хејворд претрпе страшна повреда на само пет минути по своето деби за Бостон Селтикс, а повредата го помрачи тотално стартот на новата сезона во НБА. Крилото има фрактура на глуждот на левата нога, која сигурно ќе го остави надвор од терените до крајот на сезоната, а некои прогнози ветуваат подолго отсуство.

Повредата на 27-годишниот Хејворд го остави на заден план долгоочекуваниот судир на Каиро Ирвинг и Леброн Џејмс, кој требаше да биде шлаг на тортата во првиот ден од сезоната 2017/2018. Сепак Кливленд успеа да стигне до победата со 102:99, а освен што беше најдобар од сите играчи на теренот, Леброн даде асистенција за трите поени на Кевин Лав, кои донесоа успех на Кавалирс 46.3 секунди пред финалната сирена. Џејмс заврши со 29 поени, 16 скока и 9 асистенции. Крилото постигна 13 од поени во последниот дел и сам изјави дека воопшто не се чувствува во форма, бидејќи долго време имаше проблеми со глуждот. Дерик Роуз постигна 14 поени во своето деби за Кавс, а Двејн Вејд – 8. Џеј Ар Смит ја даде потребната енергија во улога на шести човек со 10 поени и 4 скока. Џејлон Браун беше најпрецизен за тимот на Селтикс со 25 поени. Каиро Ирвинг постигна 22 и даде 10 асистенции при враќањето во Кливленд, а Џејсон Тејтум забележа “дабл-дабл” во својот прв натпревар во НБА – 14 поени и 10 скока.

Играчите на Голден Стејт кои ги добија шампионските прстени, но потоа мораа да истрпат и студениот туш, кој дојде од Хјустон. Ракетите славеа над Воините со 122:121 уште во првиот натпревар на двата тима сезонава во НБА, а всушност успехот можеше да остане во Оукланд, откако Кевин Дурант постигна кош на самиот крај, но тој беше надвор од времето. Џејмс Харден постигна 27 поени и направи 10 асистенции, а тројцата резервни играчи на тексасци се здружија за вкупно 58 поени. Ерик Гордон постигна 24, Пи Џеј Такер додаде 20, а Лук Мба – 14. Крис Пол дебитираше за Хјустон со 4 поени, 8 скока и 11 асистенции. Највисоко рангиран играч на воините беше исто така од клупата. Ник Јанг постигна 23 поени, Стеф Кари постигна 22 поени, Кевин Дурант – 20, а Клеј Томпсон остана со 19.


Тагови