Тимот на Леброн славаше на ”all star” мечот , мвп наградата за ” кралот”
Објавено на 19/02/2018 | КОШАРКА

– Тимот на  Леброн Џејмс е победник на 67-то издание на Ол-стар , кој ја совлада екипата на Стеф Кари 148-145 во Лос Анџелес. …
За прв пат во историјата не се одигра  класичниот дуел  на  Истокот против  Западот , туку тимовите  ги избраа двајца најдобри кошаркари на денешницата, а триумфот и третата МВП награда   во кариерата припаднаа во  рацете на Џејмс.

Џејмс заврши со 29 поени (12/17 од игра), десет скока и осум асистенции, потоа Кевин Дурент со 19, Пол Џорџ со 16, Андре Драмонд со 14, Кајри Ирвинг со 13 (9, 7, 7) Ентони Дејвис со 12, и Кемба Вокер и Расел Вестбрук  со 11 поени.

Најефикасни  во тимот на Кари беа Демар Дерозан и Демиен Лилард со 21 поен, 19  Џоел Ембид со осум скокови, дбл-дбл со 17 поени и 10 скокови со Карл-Ентони Таунс, 16  Адетокумбо, 15 Клеј Томпсон , и 12 Џејмс Харден со осум асистенции и седум скокови.

Кари го заврши натпреварот со само 11 поени (3/13 за три), шест скока и пет асистенции.

Гледачите во  Стејплс Центар во Лос Анџелес можеа да уживаат во интересно шутерско шоу, но исто така и во дефанзивни дуеали.

Интересен  тандем во одбраната беа Кајри Ирвинг и Пол Џорџ, кој неколкупати ја крадеа топката од противниците.

“Сакавме да ја смениме приказната за Ол-старот која стана шега. Сакавме да ја покажеме вистинската кошарка”, рече Кевин Дурент.

Foto: Getty images

Foto: Tanjug/AP Photo/Alex Gallardo

Foto: Tanjug*Bob Donnan via AP, Pool

Foto: Tanjug/AP Photo/Alex Gallardo

 

 

Тагови