Томас: “Ако бев повисок ќе бев најдобар во светот”
Објавено на 09/08/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Бекот на Бостон Аjзер Томас прави импресивни нешта, иако е висок само 175 сантиметри. Тој беше избран како последен избор во Драфтот во 2011 година, кога Сакраменто го зеде со како број 60, а потоа постепено се етаблира како еден од најдобрите реализатори во целата Лига.

“Ако бев барем 20 сантиметри повисок, јас ќе бев најдобар во светот. Нема апсолутно никаков спор. Луѓето секогаш се обидуваат да истакнат некоја слабост и да зборат против мене. Дека не правам нешто како треба дека не играм доволно добро во одбраната. Отсекогаш сакале од мене да бидам нешто што не сум. Да бидам типичен бек поентер. Ако бев висок 195 или 198 сантиметри, сите ќе сакаа да зборуваат за мене. Ние, пониските играчи, не добиваме ништо. Секогаш гледаат на нас на повеќе навредлив начин “, открива лидерот на Селтикс.

Во сезоната 2016/2017 Томас постигна по 28,9 поени по натпревар, и додаде кон нив по 5,9 асистенции и 2,7 скока.

Тагови