Трансферите во Првата македонска лига – лето 2014
Објавено на 02/08/2014 | ФУДБАЛ

Пред стартот на новата натпреварувачка сезона 2014/15 во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) се објави листа на сите досегашни трансфери направени од страна на сите 10. прволигашки клуба.

Вардар и Шкендија беа најактивни во летниот период, со ангажман на многу нови играчи. Сегашни и поранешни членови на македонската сениорска репрезентација, Бобан Грнчаров, Арменд Алими, Никола Глигоров ќе партиципираат во Првата лига во престојната сезона и едно возбудливо натпреварување со нов формат. (Извор: Macedonianfootball)

Работнички:
Дојдоа: Аријан Бела (Шкупи – крај на позамица), Кузман Жепчески, Стефан Ефтимов (Тетекс – крај на позајмица), Даниел Аврамовски (Македонија ЃП – крај на позајмица), Бленди Мемај (Бешикташ, Турција), Даниел Божиновски (Брегалница), Мите Цикарски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија ЃП), Чума Емека Уче Анеке (Уленсакер/Киса ИЛ, Норвешка), Ален Јашароски (Горно Лисиче), Марјан Алтипармаковски (Панилиакос, Грција), Игор Гал (Енози Неон Паралимниу, Кипар)
Заминаа: Ѓоко Зајков (Рен, Франција), Борче Маневски (Чаинат Хорнбил, Тајланд), Петар Баснарков (?), Петар Петров (?), Божидар Стојчев (Локомотив Пловдив, Бугарија – крај на позајмица), Баже Илијоски (Бангкок Глас, Тајланд), Емир Адем (Тетекс), Даниел Аврамовски (Црвена Звезда, Србија)

Хоризонт Турново:
Дојдоа: Григор Долапчиев (позајмица – ЦСКА Софија, Бугарија), Драган Ѓорѓиев (Вардар), Јасмин Мециновиќ (Македонија ЃП), Александар Пандовски (Горно Лисиче), Иво Харизанов (Черноморец, Бугарија), Реџеп Курт, Валентин Кочоски, Љупче Дориев, Никола Божинов (Академија Пандев)
Заминаа: Деан Митрев, Стефан Ристовски (Брегалница), Музафер Ејупи (Сонгкла Јунајтед, Тајланд), Томица Петров (Металург), Георги Какалов (?), Милан Својиќ (АЕ Ермионидас, Грција), Александар Тенекеџиев (?), Дејан Цветаноски (Тетекс), Јасмин Мециновиќ (Ренова), Александар Пандовски (?), Дарко Ристевски (Младост Царев Двор), Цветан Чурлинов (?), Филип Наумчевски (Етникос Газорос, Грција)

Металург:
Дојдоа: Диме Димов (Тиверија – крај на позајмица), Давор Талески (Победа Јуниор – крај на позајмица), Милан Ристовски (Тетекс – крај на позајмица), Антонио Каланоски (Напредок – крај на позајмица), Дејан Лескароски, Александар Стојановски (Горно Лисиче), Томица Петров (Турново)
Заминаа: Оливер Пеев (Агротикос, Грција), Седат Бериша (Шкендија), Ристо Митревски (Сараево, Босна и Херцеговина), Благоја Љамчевски (Вардар), Зоран Вујовиќ (?), Љубомир Стевановиќ (Калони, Грција), Мирче Џонов (Силекс)

Шкендија:
Дојдоа: Седат Бериша (Металург), Мартин Кавдански (слободен агент), Иван Митров (Брегалница), Мевљан Мурати (Партизани, Албанија), Јани Урдинов (Видзев Лоѓ, Полска), Зајко Зеба (Олимпик, Босна и Херцеговина), Дени Крлешки (Шафхаузен, Швајцарија), Арменд Алими (Ермис, Кипар), Христијан Кировски (ГКС Белхатов, Полска)
Заминаа: Буњамин Шабани, Ардиан Цуцули (Партизани, Албанија), Валмир Алили (?), Нури Мустафи (?), Егзон Белица (?), Менсур Куртиши (Бризбејн Роар, Австралија)

Вардар:
Дојдоа: Роберт Митев (Тиверија – крај на позајмица), Андреј Ацевски (Македонија ЃП – крај на позајмица), Владимир Нелоски (Тетекс – крај на позајмица), Ѓорѓи Заревски (Силекс – крај на позајмица), Благоја Љамчевски (Металург), Бобан Грнчаров (Таврија, Украина), Дарко Глишиќ (Динамо Тбилиси, Грузија), Никола Глигоров (Хазер, Азербејџан), Ховханес Хамбардзумјан (Банантс, Ерменија), Матија Кобетиќ (Сесвете, Хрватска), Артак Дашјан (Гандзасар, Ерменија), Филип Петковски (Тетекс)
Заминаа: Драган Ѓорѓиев (Турново), Костадин Захов (?), Антонио Бујчевски (Ренова), Мите Цикарски (Работнички), Стеван Рељиќ (Конкордија Чиајна, Романија), Владимир Димитровски (Керкира, Грција), Мирослав Јовановски, Мартин Блажевски, Жарко Симјаноски (Тетекс), Анеј Ловречич (?), Ѓорѓи Заревски (?)

Пелистер:
Дојдоа: Ристе Илијоски (Победа Јуниор – крај на позајмица), Дејан Велевски (11 Октомври – крај на позајмица), Методија Степановски, Сашко Дуков (Напредок – крај на позајмица), Кирил Степановски (Напредок), Александар Тасевски (?), Влатко Петрески, Владимир Митревски (Победа Јуниор), Гоце Тодоровски (Горно Лисиче), Александар Крстески (Челик, Црна Гора), Бошко Ступиќ (Брегалница)
Заминаа: Димитар Воденичаров (?), Љубомир Љубенов (?), Николај Христов (Брегалница), Мартин Ковачев (?), Илир Елмазовски (Младост Царев Двор), Ѓорѓи Мојсов (Ренова), Христијан Драгарски (Конкордија Чиајна, Романија), Ријад Демиќ (НК Звијезда Градачац, Босна и Херцеговина)

Брегалница Штип:
Дојдоа: Филип Гачевски (Капфенберг, Австрија), Анто Пејиќ (Бела Крајина, Словенија), Николај Христов (Пелистер), Зоран Матиќ (Maчва, Србија), Деан Митрев, Стефан Ристовски (Турново)
Заминаа: Лазар Илиев (?), Бошко Ступиќ (Пелистер), Душко Андонов (?), Славчо Велковски (?), Ангел Нацев (?), Ѓоко Цветановски (?), Мартин Шишков (?), Иван Митров (Шкендија), Даниел Божиновски (Работнички), Ристе Наумов (Мазија, Малдиви)

Ренова:
Дојдоа: Антонио Бујчевски (Вардар), Ваљон Незири (Гостивар), Ѓорѓи Мојсов (Пелистер), Јасмин Мециновиќ (Турново)
Заминаа: Менсур Идризи (?), Висар Муслиу (Ст. Гален, Швајцарија)

Силекс:
Дојдоа: Мирче Џонов (Металург), Крсте Тодоров, Трајче Ников (Миравци), Марјан Мицков (Горно Лисиче), Марјан Котевски (Новаци), Кристијан Костовски (Македонија ЃП), Миљан Мијатовиќ (Цар Константин, Србија), Момчило Рудан (Џердан, Србија), Стефан Рудан (?), Илија Јаков (Кожуф Миравци), Игор Недељковиќ (Модрича Максима, Босна и Херцеговина), Ѓорѓи Глигоров, Александар Багашовски (Беласица)
Заминаа: – Ѓорѓи Заревски (Вардар – крај на позајмица), Сашо Лазаревски (Младост Царев Двор), Дарко Божинов (?), Кристијан Додевски (?)

Тетекс:
Дојдоа: Мирослав Јовановски, Мартин Блажевски, Филип Јаневски, Жарко Симјаноски (Вардар), Ермедин Адем (Македонија ЃП), Емир Адем (Работнички), Горан Богдановиќ (?), Дарко Лазаревски, Трајче Стојковски (Горно Лисиче), Дарко Ѓурчиновски (Скопје), Дејан Цветаноски (Турново), Марсио Хозе Лисбоа Фортес Фиљо “Марсињо“ (Ал-Мусанах, Оман), Џајме Хуан Алвес да Силва (Клуби до Ремо, Бразил)
Заминаа: Филип Петковски (Вардар), Кузман Жепчески, Стефан Ефтимов (Работнички – крај на позајмица), Милан Ристовски (Металург – крај на позајмица), Владимир Нелоски, Бенџамин Демир, Васко Распашковски (Вардар – крај на позајмица), Горан Тодорчев (?), Владимир Тунески (?), Стојан Игњатов (?), Дончо Аргировски (?), Марјан Белчев (?), Роберт Лазаровски (?)

Тагови