Три гола и две асистенции – Караско феноменален во победата на… (ВИДЕО)
Објавено на 15/10/2016 | ФУДБАЛ

Фантастичкион Јаник Караско е херојот на вечерашниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Гранада. Белгијскиот репрезентативец во високата победа на Атлетико Мадрид над Гранада од 7-1 придонесе со хет-трик и две асистенции.

Токму Караско во 34 минута донесе водство за домаќините, а 10 минути подоцна го постигна и вториот гол на натпреварот. Претходно, во 18 минута Гранада поведе преку Куенка.

Во вториот дел домаќините со пет гола ги декласираа гостите.  Јаник Караско по асистенција на Гризман во 61 минута го постигна третиот гол, а само две минути подоцна Гајтан го постигна вториот гол сезонава за “Јорганџиите”. И кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши со победа од 4-1 за домаќините, следуваше ново гол-шоу. Во периодот од 81 до 87 минута домаќините постигнаа три гола и тоа преку Гајтан, Кореа и Тијаго, а две асистенции забележа Караско.


Atletico Madrid 7 – 1 Granada by eurofootballhd1

 

 

Тагови