Цибулкова ја освои третата титула годинава
Објавено на 16/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Доминика Цибулкова од Словачка ја освои титулата на турнирот во Линц, откако ја победи во финалето Викторија Голубиќ од Швајцарија со 6:3, 7:5.

Цибулкова со тоа ја освои третата титула сезонава и седма во кариерата. Оваа година таа триумфираше во Катовице во април и во Истборн во јули.

Голубиќ која ја започна годината како број 178 во ВТА, во моментов е 62-ра и го играше второто финале во кариерата по Гшад каде во јули ја освои титулата.

Тагови