Црна Гора, Словенија и Австрија нови патници на ЕП во Хрватска, еве кој досега обезбеди билет
Објавено на 18/06/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

По Катар 2015 година и деби на големата сцена, репрезентацијата на Босна и Херцеговина ќе го пропушти третиот голем турнир во ред. Австрија пак, која славеше со 34:32 (17:17), обезбеди пласман на ЕУРО 2018.

Нов балкански тим кој се квалификува за Европското првенство во Хрватска во јануари следната година, е Словенија, која во Копер рутински ја оправда улогата на фаворити против Португалија – 28:18 (12: 9).

Национален тим на Црна Гора исто така се квалификуваше за Европското првенство што ќе биде јануари следната година во Хрватска, откако во последниот круг на квалификациите во групата ремизираше со Русија 27:27 (11:16).

Ракометните репрезентации на Германија, Шпанија и Шведска, се квалификуваа за Европското првенство уште поодамна, a во Хрватска ќе се најдат и Данска, Србија, Белорусија, Франција, Норшвешка и Унгарија .

Македонија вечерва против Чешка се очекува да го завери пласманот.

ГРУПА 1

ТАБЕЛА:
Данска 9
Унгарија 7
Холандија 4
Летонија 0

ГРУПА 2

ТАБЕЛА:
Србија 7
Белорусија 7
Романија 4
Полска 2

ГРУПА 3 (Конечна табела)

ТАБЕЛА:
Шпанија 12

Австрија 6

Босна и Херцеговина 4

Финска 2

ГРУПА 4

ТАБЕЛА:
Република Чешка 6
Македонија 5
Украина 5
Исланд 4

ГРУПА 5

ТАБЕЛА:
Германија 10
Словенија 7
Португалија 5
Швајцарија 0

ГРУПА 6 (Конечна табела)

ТАБЕЛА:
Шведска 10
Црна Гора 7
Русија 5
Словечка 2

ГРУПА 7 (Конечна табела)

ТАБЕЛА:
Франција 10
Норвешка 8
Литванија 6
Белгија 0

Тагови