ЦСКА Москва се засили на центарската позиција
Објавено на 16/02/2018 | КОШАРКА

Лидерот на табелата во Евролигата, тимот на ЦСКА Москва донесе засилување на центарската позиција ангажирајќи го Американецот Виктор Руд. Центарот засега е привремено решение на московјани, бидејќи актуелниот договор кој го потпиша е со важност од еден месец, но доколку со добри игри ги задоволи челниците и тренерот на “армејците”, ќе му биде продолжен договорот до крајот на актуелната сезона.

Тој доаѓа како засилување под обрачите, откако тренерот Итудис остана без ротација на центарските позиции по повредите на Кајл Хајнс и Отело Хантер. Во моментов на тренерот на московјани единствени играчи кои му се на располагање на центарските позиции се Антонов и Воронцевич.

“Донесовме одлука за ангажман на Виктор Руд поради проблемите со повредени играчи со кои се соочуваме на центарските позиции. Виктор е искусен играч, има искуство од играње во Евролигата како член на Макаби Тел Авив, а исто така има играно и во рускиот шампионат во тимот на Нижни Новогород, па поради тоа сметам дека нема да има проблеми во прилагодувањето во нашата средина. Ќе ни биде од голема помош во продолжението како во Евролигата, така и во домашниот шампионат, бидејќи може да игра на неколку позиции” – изјави тренерот на ЦСКА, Димитрис Итудис.

Виктор Руд сезонава беше член на турскиот клуб Газиантеп каде што имаше просек од 12.9 поени и 7.8 скокови по натпревар. Во минатото, тој беше дел од Макаби Тел Авив и руски Нижни Новогород, како и во развојната лига на НБА.

Тагови