Тврдеше дека нема шанси да победат со 8-0, па остана зачуден (ВИДЕО)

Големиот успех на Шведска со 8:0 над Луксембург се покажа катастрофално за Холандија, бидејќи “лалињата” практично ги загубија шансите дури и за учество на бараж за пласман на Мундијалот 2018. Покрај тоа судбината ја скроеја и на селекторот Дик Адвокат. Пред неколку дена новинар го праша што ќе се случи, ако скандинавците запишат победа над Луксембург – на пример 8:0. Тренерот одговори:

“Какво глупаво прашање?! Нема шанси да победат со 8:0. тоа никогаш нема да се случи “.

Ситуацијата во групата е таква што дури и да постигнат победа против Швеѓаните во последното коло Холандија ќе се израмни на поени со првиот или вториот, но ќе е во улогата на губитниците поради нивната полоша разлика во головите.

Пред почетокот на завршните натпревари во групата, Швеѓаните имаат 19 гола, французите се со 10 и Холанѓаните со 5.

Тагови