У19: Падна и Белгија, историски пласман во втората фаза за пласман на ЕП
Објавено на 11/11/2017 | Мак Фудбал, ФУДБАЛ

Нов, голем, историски успех за македонскиот фудбал годинава. Откако фудбалската репрезентација до 21 година обезбеди настап и играше на ЕП во Полска годинава, а ФК Вардар се пласираше во групната фаза од Европа Лигата, фудбалерите на Македонија до 19 години обезбедија пласман во втората и последна фаза за пласман на Европското Првенство. Ова е епилогот по големата победа над Белгија со 2-1 која следеше по победата над Швајцарија средата.

На спортските терени во Аеродром, Македонија најпрво губеше со 1-0 од Белгија, а потоа Елиф Елмас во 24 минута израмни на 1-1. Големата победа ја обезбеди Атанасов со гол од пенал во самиот финиш на натпреварот.

Во наредната фаза е повторно во формат на групи, а Македонија ќе има уште три противници. За да обезбеди пласман на ЕП мора да заврши на првата позиција. Eвропското првенство ќе се одржи следната година во Финска, а ќе учествуваат осум репрезентации вклучувајќи го и домаќинот, распоредени во две групи.

Тагови