У21: Македонија ги дозна противниците во квалификациите за ЕП 2017
Објавено на 05/02/2015 | Slider, ФУДБАЛ

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска со ждрепка во Нион (Швајцарија) ги дозна противниците против кои ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство 2017. година во Полска.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се најдоа во групата 3 заедно со Франција, Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска.

Победниците од сите квалификациски групи ќе се најдат автоматски на евро-шампионатот. Првите мечеви ќе се одиграат во периодот од 23-31. март 2015 год.

“Наша определба ќе биде да се надигруваме со сите. Тимската игра треба да биде на прво место, на секој натпревар да го дадеме својот максимум, да играме без преголем респект кон противницити и со верба во своите квалитети и можности, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

Тагови