УЕФА: Нојер, Роналдо и Робен во трката за играч на сезоната
Објавено на 14/08/2014 | ФУДБАЛ

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер и играчот за врска исто така член на германската екипа, Арјен Робен се кандидати за наградата најдобар фудбалер во сезоната 2013/2014 која ја доделува Европската фудбалска унија (УЕФА).

Фактички денеска беше објавен скратениот список. На поширокиот претходно беа Томас Милер (Баерн Минхен), Филип Лам (Баерн Минхен), Луис Суарез (Барселона), Анхел Ди Мариа (Реал Мадрид), Диего Коста (Челзи), Лионел Меси (Барселона) и Џејмс Родригез (Реал Мадрид).

Чуварот на мрежата на “Баварците“ стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде што беше запрен од европскиот шампион Реал Мадрид, но ја освои титулата во Бундеслигата. Покрај тоа, го освои трфејот во Купот на Германија, Светското клупско првенство и Супер купот на Европа. Ја освои титулата светски првак, а и беше прогласен за најдобар голман во Бразил.

Роналдо минатата сезона беше најдобар фудбалер на Реал и со “кралскиот“ клуб ја освои ЛШ, 10. трофеј во клупската историја, а во елитното натпреварување беше најдобар стрелец со нов рекорд од 16. погодоци.

Робен минатата сезона, како и Нојер, ги освои сите споменати трофеи со Баерн Минхен, а на Мундијалот со холандската репрезентација дојде до бронзениот медал. Ова е четврти пат што УЕФА ја доделува оваа награда, претходно освојувачи беа Лионел Меси, Андрес Иниеста и Франк Рибери. Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржа на 28. Август 2014 год. во Монте Карло.

Тагови