Уште еден пораз во низа за нашите најдобри ракометарки
Објавено на 02/06/2016 | РАКОМЕТ

Нашите најдобри ракометарки го забележаат петтиот пораз во квалификациите за Европското Првенство откако вечерва во СРЦ Кале репрезентативките на Црна Гора славеа со 27-21. Првиот дел беше израмнет, а нашите репрезентативки пружија добра игра. Во 19 минута Македонија имаше и позитива од два гола, што беше и највисоката во натпреварот, но  и покрај тоа на полувремето се замина со гол негатива односно 13-12 во корист на Црна Гора.

Во вториот дел гостинските ракометарки успеаја да го скршат отпорот и да направат разлика од пет гола што резултираше со победа на Црна Гора од 27-21. Со овој пораз Македонија останува на последното место и во очи на последното коло гостува во Хрватска, натпревар кој се игра во недела.

И покрај тоа што квалификациите ќе ги завршат на последното место во групата, нашите ракометарки на последните два натпреавари покажаа дека имаат капацитет, па во наредниот квалификационен циклус со искуство плус имаат право да се надеваат за позитивен исход и пласман на големо меѓународно натпреварување.

Тагови