Ванда Нара: Два големи клубови се заинтересирани за Икарди!
Објавено на 22/02/2018 | ФУДБАЛ

Иднината на капитенот на Интер, Мауро Икарди, на “Џузепе Меачи” се уште е неизвесна, бидејќи неговата сопруга а воедно и  агент Ванда Нара, јасно стави до знаење дека два големи клубови се заинтересирани за Мауро.

– Сè уште не се сретнав со Аусилијо во живо, но често разговаравме по телефон, знам што сакам да кажам и знам што мислат тој и клубот, изјави  сопругата на Мауро Икарди за Кориере дело Спорт.

– Во последно време, неколку големи клубови покажаа голем интерес за Maуро, и бидејќи јас сум таа што се грижи за неговата иднина, треба да разговарам со нив. Кои клубови? Не сакам да споменувам  имиња.

Ванда, исто така, ги коментираше гласините дека Мино Рајола стана нов агент на Икарди.

– Mauro е задоволен од мојата работа и никогаш не помислува на промена на агентот. Имам голема почит кон Рајола, но сакам да истакнам дека јас сум единствената личност која може да го претставува Мауро и да ги реши среди договорите и да ја прилагоди неговата иднина, заклучи Ванда.

Тагови