Вардар не греши против Загреб
Објавено на 18/10/2017 | МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Вардар го победи ППД Загреб со 30:23 (17:10) за нова победа во СЕХА ГАЗПРОМ лигата.

Како и во натпреварот на Лигата на шампионите на ЕХФ во Скопје, тимот на Касим Каменица започна добро, држејќи се до 7:6 во средината на првото полувреме, кога македонскиот шампион за 12 минути направија серија 11:3, за да заминат на одмор со плус 7.

Втората половина беше малку подобра за хрватите кои намалија и на минус 4 – 22:18 во 46-та минута, но Страхиња Милиќ со своите 17 одбрани и соиграчи се покажа во финишот.

Најефекасен кај победникот беше Игор Карачиќ со шест гола. Кај гостите, Стипе Мандалиниќ го заврши натпреварот со осум погодоци.

Тагови