Вардар против Монпеље за влез во ново големо финале!
Објавено на 26/05/2018 | Slider, РАКОМЕТ

Долгоочекуваниот викенд за македонската јавност конечно дојде на програмата! Македонскиот и сеуште актуелниот европски шампион Вардар повторно дојде во Келн исто како претходната година со надеж дека повторно ќе стигне до европската круна.

Доколку претходната година сите гледаа на Вардар со потценување и беше аутсајдер за освојување на титулата, оваа година ситуацијата е многу поинаква. Во некои најави дури и ракометарите на ПСЖ изјавуваа дека Вардар е фаворит за одбрана на титулата, бидејќи има најкомплетен и највоигран тим.

Вардар ќе има тешка задача да ја одбрани титулата, спротивставувајќи се на најдоброто од Франција, земја која со години важи за најдобрата ракометна земја, земја во која настапува и нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, во тимот на Нант.

На денешниот втор полуфинален натпревар, Вардар ќе ги одмери силите со Монпеље во обид да стигнат до ново големо финале. Вардар е благ фаворит на овој дуел, но воопшто не смее да се потцени францускиот тим кој е најголемото изненадување во Европа оваа сезона. Тим кој ја елиминира моќната Барселона во четвртфиналето.

Сепак, вардарци докажаа дека знаат да изиграат одлично на вакви натпревари, а сега веќе се и поискусни од претходната година.

На првиот полуфинален дуел, силите ќе ги одмерат ПСЖ и Нант.

Тагови