Вардар со пресврт до победа над Анжи
Објавено на 05/02/2017 | Мак Фудбал, ФУДБАЛ

Екипата на Вардар со 2-1 славеше во пријателскиот натпревар во Анталија над рускиот прволигаш Анжи. Екипата од Макачкала прва поведе во 47 минута преку Георгиевскиј, а Којашевиќ во 71 минута израмни на 1-1. Истиот фудбалер во 86 минута му ја донесе победата на скопски Вардар.

Следниот пријателски натпревар Вардар ќе го одигра во среда против екипата на Локомотив Пловдив од Бугарија.

ВАРДАР – АНЖИ         2:1 (0:0)

Стрелци: 0:1 Георгиевскиј 47’ (Анжи), 1:1 Којашевиќ 71’, 86’ (Вардар)

ВАРДАР: Гачевски, Демири, Попов (74’ Новак), Грнчаров, Хамбарџумјан (73’ Брдаровски), Велковски (46’ Николов), Глигоров (68’ Петковски), Којашевиќ, Фелипе, Блажевски (46’ Џигаури), Барсегјан.

АНЖИ: Јурченко, Мусалов, Жиров, Фибел, Паршивљук, Љах, Јаковлев, Кацаев, Асилидаров, Будковскиј.

Уште играа: Тетрашвили, Бејли, Шандао, Дудиев, Каретник, Бризгалов, Хадарцев, Георгиевскиј, Боли.

Тагови