Вардарки носители на ждребот за групите во Лигата на шампионите
Објавено на 27/06/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Македонскиот ракометен шампион, ЖРК Вардар ќе биде носител на една од групите во Лигата на шампионите во сезоната 2017/18. Покрај вардарки во првиот шешир ќе биде и европскиот шампион Ѓер, како и учесниците на минатиот фајнал фор, Будуќност и ЦСМ Букурешт.

Шешир 1: ЖРК Вардар, Ѓер, Будуќност, ЦСМ Букурешт.

Шешир 2: Ларвик, Ростов Дон, ХБ Никобик Фалстер, Метц.

Шешир 3: ББМ Битингем, Крим Меркатор, ФТЦ Раил Карго Унгарија, Митјиланд.

Шешир 4: Вистал Гдина, ХБ Брест Бетањ, Квалификант 1, Квалификант 2.

Ждрепката за групите ќе се одржи овој четврток, а квалификациите за главниот турнир ќе се одржат на 9-ти и 10-ти септември.

Тагови