Вентура го објави списокот на фудбалери за плеј-оф натпреварот против Шведска
Објавено на 04/11/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Џампјеро Вентура денеска го објави списокот на фудбалери за двобојот на Италија против Шведска во рамките на плеј-оф натпреварот за пласман на СП во Русија. Флоренци, Ѕаѕа и Жоргињо се враќаат во составот каде за голманската позиција стандардно ќе бидат Буфон, Донарума и Перин од Џенова.

Вентура во одбраната ги повика Астори, Барѕаљи, Бонучи, Кјелини, Д’Амброзио, Дармијан, Ругани, Спинаѕола и Ѕапакоста од Челзи.  Во средниот ред Вентура ќе настапи со искусните Верати, Флоренци, Кандерва и Де Роси, а во конкуренција за средниот ред се и Бернандески, Ел Шарави, Гаљардини, Инсиње, Жоргињо и Пароло.

Во нападот адути на Италија ќе бидат Белоти, Едер, Габијадини, Имобиле и Ѕаѕ.

Натпреварот Шведска – Италија е закажан за на 10 ноември со почеток од 20:45 додека реваншот е закажан за три дена подоцна во истиот термин.

 

Тагови