Верати сака во Барселона
Објавено на 12/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Еден од најталентираните фудбалери од средниот ред, фудбалерот на ПСЖ и репрезентативец на Италија, Марко Верати наводно признал дека сака да премине во Барселона. Според италијанскиот трансфер гуру Џанлука ди Марцо, агентот на поранешниот фудбалер на Пескара, Донато ди Кампли се сретнал со спортскиот директор на ПСЖ Антеро Енрике во Милано на кого му кажал дека неговиот клиент сака да премине во Барселона.

24 годишниот фудбалер на Камп Ноу треба да дојде како замена за Чави, а според неколку шпанси медиуми Барселона планира да испрати иницијална понуда од 80 милиони евра.Верати веќе подолго време се поврзува со заминување од Париз, а подолго време покрај од Барселона интерес за неговите услуги има и од екипите на Јувентус и Челзи.

 

Тагови