Верувале или не! ЗАГУБИВМЕ ОД ГИБРАЛТАР
Објавено на 10/10/2017 | Slider, Мак Фудбал, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година, која летово настапи на Европското Првенство во Полска доживеа срамен пораз од аутсајдерот Гибралтар, во португалскиот град Фаро и го запиша вториот пораз во третиот дуел во овие квалификации за ЕП во Италија. Ако пред неколку месеци се радувавме на позитивна историја на хероите, кои веќе немаат право да играат за оваа селекција, сега нивните наследници запишаа негативна историја.

Големиот аутсајдер на хартија ја забележа првата победа во историјата и воедно го даде првиот гол во квалификациите и на Македонија и го нанесе најтешкиот пораз во историјата во фудбалот, можеби и поголем од оној од Андора пред 15-тина години.

Македонија имаше 14 шута кон голот, осум во рамките, безброј шанси и на крај победи екипата која од првиот директен удар даде гол, а ние на крајот останавме со играч помалку по вториот жолт на Јован Попзлатанов. Дека ова беше пекол натпревар покажува и фактот дека Македонија доби 5 жолти картони, а домаќинот само два. Го немавме Елиф Елмаз, Никола Ѓорѓев и казнетиот Коки Чешмеџиев, но и Тино Костадинов, Петар Петковски, Реуфик Селмани требаше овде да победат убедливо, наместо тоа Македонија и дефинитивно после овој натпревар нема што да бара во овие квалификации.

Нашиот тим во овој историски пораз настапи  во следниот состав: Ѓоргев, Попзлатанов, Костов, Амановиќ, Симовски, Тотре (Иљази 85″), Исени, Георгиев, Петковски (Крезиќ 68″), Костадинов, Селмани (Абаз 55″)

На табелата: Србија (3 нат.) 9 бода, Русија (4 нат.) 7, како и Ерменија (5 нат.), Австрија (3 нат.) 6, Гибралтар (6 нат.) 3 бода и Македонија (3 нат.) 3 бода.

Тагови