Весли Снајдер со биткоини ќе го спасува Милан!?
Објавено на 29/03/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Италијанските и кинеските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека италијанскиот тим Милан се наоѓа во сериозни финансиски проблеми. Поточно, новите кинески сопственици кои претходното лето го купија тимот од Силвио Берлускони се наоѓаат пред финансиски колапс и парите кои ги обезбедија за засилувања на тимот во износ од околу 250 милиони евра, не се во можност да ги вратат.

Но, и покрај овие шпекулации, факт е дека клубот функционира нормално без застој во исплатата на обврските. Сепак, кинеските газди до крајот на октомври оваа година, мораат да вратат околу 370 милиони евра на американскиот фонд „Елиот“, или во спротивно ќе им биде одземен тимот од нивна сопственост.

Се почесто се шпекулира дека Јонгхонг Ли ги нема тие пари и дека ќе мора да ги продава сопствените акции со цел да ги подмири долговите, поради што констатно се шпекулира за нови имиња кои би можеле да влезат во клубот.

Едно од најновите имиња кои кружат во јавноста како можен иден сопственик на Милан е холандскиот интернационалец Весли Снајдер! Поточно, долгот на Милан кон американскиот фонд “Елиот”, би можел да биде рефинансиран во биткоини преку платформата “VSport”, а еден од сопствениците на оваа компанија е токму холанскиот ас Весли Снајдер.

Компанијата на Снајдер наводно се понудила во биткоини да го врати долгот кон „Елиот“ во замена за мал процент од акциите на клубот.

Останува да видиме дали во иднина Весли Снајдер ќе се најде во улога на еден од сопствениците поточно акционерите во италијански Милан!?

Тагови